Полскиот тенисер Хуберт Хуркач се покажа како многу цврст ривал во првиот сет, но Новак Ѓоковиќ го скрши неговиот отпор дури во тај-брејкот каде што беше подобар со 7-1.
Полјакот направи брејк во петтиот гем на вториот сет (2-3) и предноста ја задржа до крај, иако Ѓоковиќ имаше две брејк-топки, но не искористи ниту една од нив (4-6).
Ѓоковиќ беше фуриозен во третиот сет, каде што го декласира ривалот и со два брејка стигна до 6-1.
Оваа победа нема да значи ништо доколку Јаник Синер загуби од Холгер Руне. Доколку победи Италијанецот, тогаш Ѓоковиќ ќе игра полуфинале во Торино.
https://x.com/josemorgado/status/1725171793550324043?s=20