Македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на гол од пенал, но неговиот АЕК Ларнака не успеа да се пласира во финалето на Купот на Кипар. Тој погоди во 20.минута, но домаќинот во вториот дел постигна дури три гола.
Етникос Ахна, чиј член е Мартин Богатинов, славеше со 3-1 и обезбеди пласман во финалето каде ќе се сретне со Омонија.