Меси е задоволен по победата на Австралија иако признава дека во финишот малку се опуштиле и доволиле Австралија да даде гол и да им ја загрози победата.

Меси беше прогласен за играч на натпреварот, за него ова беше 1.000 натпревар во кариерата, а јубилејот го зачини и со гол.
Аргентина изгледаше одлично во најголемиот дел од мечот, иако дозволи Австралија да даде гол и да создаде неколку шанси кои можеа да им ја загрозат победата.
„Се радувам затоа што го контролиравме мечот, мислам дека бевме подобри од противникот. Дозволивме мало опуштање во последните 15 минути, па примивме гол, но сепак и ние создадовме неколку шанси кои не ги реализиравме. Најважно е дека одиме во следната рунда и покажавме дека кога играме како тим, можеме да стигнеме далеку. Допрва следуваат најтешките натпревари“, рече Меси.