Кошаркарите на Далас Маверикс во НБА лигата триумфира на гостувањето кај Њујорк Никс. Далас предводен од Лука Дончиќ славеше со 121:100, а Словенецот имаше уште една одлична партија.

Дончиќ за 29 минути на теренот постигна 30 поени, со осум скока и седум асистенции. Натпреварот практично беше решен во третиот период кој Далас го доби со резултат 41:15.

Хардавеј одигра одлична пратија со 28 поени, а Динвиди додаде 17 поени.