Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Матијас Лесор од денеска е нов член на Партизан, потврдија „црно-белите“.
Французинот има 26 години и игра на центарската позиција, а како слободен играч доаѓа од Макаби Тел Авив.
Тој потпиша договор со Партизан до крајот на тековната сезона.
Новиот центар на Партизан е висок 206 сантиметри, а пред Макаби играше за Монако, Уникаха, Баерн, Црвена Звезда, Нантер и Шалон.
Французинот претходните месеци се поврзуваше со Партизан, но и со враќање во Звезда, но на крајот заврши во Макаби. Овојпат „црно-белите“ беа очигледно поконкретни и со неговиот потпис практично го решија проблемот на позицијата центар.
На драфтот на НБА во 2017 година, Лесор беше избран од Филаделфија како 50-ти пик.
Во сезоната зад нас, Матијас Лесор го освои Еврокупот со тимот на Монако. На Светското првенство во Кина во 2019 година, со репрезентацијата на Франција освои бронзен медал.
https://twitter.com/PartizanBC/status/1472875220050583565?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1472875220050583565%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FPartizanBC2Fstatus2F1472875220050583565widget%3DTweet