Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, па раководството на тимот од Фиренца е свесно дека мора да го продаде ако сака да заработи многу пари од негов трансфер, но Србинот јасно кажа дека не сака да се пресели во Лондон.
Италијанските медиуми пишуваат дека управата на Фиорентина му е лута на Влаховиќ и неговите менаџери затоа што воопшто не се јавуваат на телефон и не можат да ги контактираат, па јасно е дека српскиот напаѓач сака да се пресели во Јувентус, со кој наводно веќе имал личен договор.