Ливерпул играше поофанзивно и имаше повеќе закани кон голот на противничкиот голман, но Реал Мадрид прв дојде до предност во големото финале на Лигата на шампионите.
Винисиус го отвори резултатот во 59. минута на асистенција на Валверде, откако Бразилецот ја искористи невнимателноста на Трент Александер-Арнолд.
Англиските поранешни ѕвезди најавуваа дека овој дуел може да биде решавачки за победникот, па и во реалноста се покажа дека едно невнимание може да биде платено скапо.
Алан Ширер и Крис Сатон сметаат дека вината за голот оди на сметка на десниот бек.
– Трент Александер-Арнолд заспа, не беше свесен дека Винисиус е зад него, – вели Ширер.
– Винисиус се снајде одлично и го направи она што треба да го направи играч од врвен ранг. Александер-Арнолд се „исклучи“, – коментирал Сатон.