Стоукс изгубил контрола над своето возило „Мерцедес ГЛЦ“ излетал од патот и починал на лице место, изјавија од полицијата.
Стоукс играл за многу шкотски клубови меѓу кои Данди Јунајтед, потоа играл за нисколигашите Алоа, Ирвин Медоу, Килбирни, Мерихил џуниорс, а последниот клуб му бил Калединијан Брејвс во 2019 година, а играл и за младинската репрезентација на Шкотска (У17).
Во дресот на Мерихил во 2017 година постигнал гол по само две секунди. Тој погоди веднаш по изведување на почетниот удар од центарот на теренот.