Реал Мадрид ќе се судри против Ливерпул во Париз во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тимот на Карло Анчелоти се надева на нов успех оваа сезона.
Раководството на „кралевите“ прави сѐ што може за да изнајми кралски хотел во близина на Париз во кој ќе престојува пред натпреварот.
Станува збор за дворец кој има 92 соби, голем терен за голф, сауна и многу други работи.