Сампдорија екипата на Дејан Станковиќ беше на прагот да забележи победа на гостување кај Монца, но прими гол во деветтата минута од судиското продолжение и мечот заврши 2-2.
Сампдорија води грчевита битка за опстанок во Серија А и три бода од денешниот меч ќе донесеа голема надеж за опстанок и позитивна атмосфера во тимот, но наместо тоа се случи ново разочарување.
Сампдорија поведе со гол на Габиадини уште во 12. минута од натпреварот, но 20 минути подоцна Монца изедначи преку Петања на 1-1.
Во 58. минута Габиадини постигна уште еден гол и донесе ново водство за Сампдорија, овојпат од 2-1.
И кога се чинеше дека тимот на Станковиќ ќе ги однесе сите три бода од Монца, беше досуден пенал за домаќините, во 99. минута дадоа гол за конечни 2-2.