По ремито против Фиорентина, Лацио повторно освои само бод, овојпат тимот на Сари одигра 1-1 на гостувањето кај Верона.

Лацио не успеа да го освои целиот плен од Верона, водеше но не победи, носи само бод во Рим.

Гостите поведоа пред самиот крај на првото полувреме, по една убава акција, Педро постигна одличен гол за водство на Лацио од 1-0.

Но само по шест минути игра во вториот дел, Нгонге со глава погоди за конечни 1-1.

По 21. коло Лацио се наоѓа на четвртата позиција на табелата со бод помалку од Рома, а бод повеќе од Аталанта и Милан.