Како загревање за новата сезона на Лигата на шампионите, два гиганти на европскиот фудбал и тимови кои се вбројуваат меѓу кандидатите за освојување на „долгоушкото“, одиграа пријателски хуманитарен натпревар.
Во натпревар посветен на борба против амиотрофинчната латерална склероза (АЛС), Барселона и Сити играа 3-3 (1-1) на преполниот „Камп Ноу“.
Аргентинецот Хулијан Алваарез го отвори резултатот во 21. минута, а осум минути подоцна Пјер-Емерик Обамејанг израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор.
Барселона првпат во водство дојде во 67. минута со голот на Френки де Јонг, но младиот Кол Палмер во 70. минута да ја врати рамнотежата на семафорот. Мемфис Депај во финишот погоди за 3-2 за Ријад Марез во 99. минута од пенал да ги постави конечните 3-3.
За време на викендот Барса го пречекува Ваљадолид, а Манчестер Сити на домашен терен игра со Кристал Палас.