Динамо го победи Бодо/Глимт со 4:1 по продолженијата во реваншот на Максимир, ја надополни негативата од 0:1 од првиот меч во Норвешка и по три години повторно ќе игра во групите од Лигата на шампионите. Избраниците на Анте Чачиќ ќе бидат во четвртиот шешир на ждрепката што ќе се одржи во Нион.
Хрватскиот шампион на тој начин ја постигна главната цел оваа сезона и оствари огромна добивка. Влезот во групите од Лигата на шампионите на Динамо му обезбеди минимални 15,64 милиони евра, со кои УЕФА го наградува влезот во самите групи. Но, тоа е само почеток. Секоја победа во елитното натпреварување носи дополнителни 2,8 милиони евра, а секое реми резултира со 930.000 евра.
Евентуален пласман во нокаут фазата носи дополнителни 9,6 милиони евра, додека влезот во четвртфиналето би донел 10,6 милиони евра. УЕФА ќе го награди секој клуб што ќе влезе во полуфиналето со 12,5 милиони евра, финалистите ќе добијат по 15,5 милиони евра, додека победникот ќе добие дополнителни 4,5 милиони евра.
Но, тоа не е се. Секој учесник во Лигата на шампионите ќе добие дел од 600,6 милиони евра кои УЕФА ќе ги подели врз основа на коефициентот на клубот во последните десет години. Оваа сума ќе биде поделена на т.н „коефициент акции“, а секоја акција е вредна 1.137 милиони евра.
Најдобро рангираниот клуб во Лигата на шампионите ќе добие 32 такви акции, а најслабо рангираниот клуб според клупскиот коефициент ќе добие една акција. Последен пат кога играше во Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020 Динамо беше 26-ти од 32 клуба во Лигата на шампионите и доби шест акции за 1.108 милиони евра или тогаш 7,75 милиони евра.
УЕФА обезбеди дополнителни 300,3 милиони евра за учесниците во Лигата на шампионите, кои ќе бидат распределени согласно пропорционалната вредност на пазарот на земјата од која доаѓаат клубовите. Кога се ќе се собере, се проценува дека сезонава Динамо во Лигата на шампионите ќе заработи најмалку 20,2 милиони евра.
И за крај, целата Хрватска прва лига повторно ќе има корист од настапот на Динамо во групата на Лига Европа. На крајот од оваа сезона, сите клубови од ХНЛ кои не се натпреваруваат во европските купови ќе добијат од УЕФА т.н. „солидарни исплати“ од околу 500.000 евра по клуб. На овој начин во последните пет години клубовите од ХНЛ поделија околу 13 милиони евра по настапите на Динамо во Европа.