Избраниците на Диего Симеоне не покажаа ништо посебно на гостувањето кај Атлетик Билбао, иако постигнаа гол уште во 10. минута преку Алваро Мората, кој беше поништен поради прекршок по прегледување на ВАР-технологијата.
Домаќините не ги искористија шансите кои ги имаа во првото полувреме, па казната стигна преку Антоан Гризман во 47. минута кога ја затресе мрежата на Унаи Симон за 1-0.
Атлетико Мадрид е трет во Ла Лига со 19 бодови, додека пред него се Реал Мадрид и Барселона со по 22, а во топ-4 има место и за Атлетик Билбао кој има 17 бода.