Аталанта  во Бергамо го совлада Сасуоло со 2-1 и се искачи на врвот на табелата во Серија А.

Сасуоло со голот на Кириакопулос во 41. минута од мечот дојде во водство, но само четири минути подоцна Пашалиќ ја врати Аталанта во игра.

Стрелец на победничкиот гол беше Лукман на самиот старт од вториот дел.

Претходно, во торинското дерби, Јувентус го победи Торино со 0-1, со голот на Душан Влаховиќ во 74.минута.

Аталанта со седум победи и три ремија е лидер и има 24 бодови, односно еден повеќе од Наполи и четири од Лацио, Удинезе и Милан.