Репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал од Мундијалот во Катар, што е уште еден голем успех за селекцијата за која навиваше буквално целиот регион.
Еден од најзаслужните за тоа беше голманот Доминик Ливаковиќ, кој бранеше фантастично целото првенство, а особено беше маестрален во пенал-победите против Јапонија во осминафиналето и Бразил во четврт-финалето.
Тоа особено се однесува за мечот против Јапонците, во кој одбрани три пенали, поради што со право беше прогласен за херој. Неговиот дрес од овој меч беше прогласен за мало богатство, а џекпотот заврши кај нашиот Стефан Ристовски, кој со него се пофали на социјалните мрежи.