Англискиот премиерлигаш Евертон до април ќе биде без дефанзивецот Јери Мина. Колумбискиот репрезентативец заработи повреда при поразот од Њукасл во вторникот.
Јери Мина оваа сезона одигра само десет натпревари во Премиер – лигата поради проблеми со повреди.
„Јери Мина веројатно ќе биде надвор од терените меѓу 8 и 10 недели. За нас тоа е многу разочарувачки. Откако сум тука, дознав дека тој е лидер на тимот и ќе ни недостига”, изјави менаџерот Френк Лампард.