Голем скандал изби на Апенините откако фудбалерот на Лацио, Раул Моро бил претепан заедно со својот татко, а нивниот автомобил бил украден среде автопат од крадци кои биле облечени како полицајци.

Моро со својот татко патувале низ Италија во четвртокот вечерта, кога на автопатот во близина на Рим ги запреле лажни полицајци. Фудбалерот кој возел Мерцедес А-класа, не ни помислувал дека се крадци, па застанал, а со друг автомобил биле дополнително попречени.

И потоа се случил хоророт. Насилно биле извлечени од автомобилот, па натепани и крадците влегле во Мерцедесот и заминале во непознат правец. Полицијата го истражува случајот.

Моро и татко му завршиле во болницата „Казилино“ и немаат потешки повреди освен модринки.

Овој фудбалер во Лацио дојде од „Ла Масија“, школата на Барса и сезонава во сите натпреварувања запиша 18 меча.