По првиот дел од сезоната во шпанското првенство, Барселона ќе остане лидер на табелата. Каталонскиот гигант по 18 одиграни натпревари освои 47 бода, а најголемиот ривал Реал Мадрид е втор со 42 бода.
Лидерското место во Примера, Барселона го заслужи благодарение што има одлична одбрана. Во досегашниот дел од сезоната, тимот на Чави Ернандес прими само шест гола (во просек по еден гол на секои три меча). Гранитната одбрана беше главен адут и на последните три меча, кога Барселона на гости со 1:0 го победи Атлетико Мадрид, потоа со 1:0 славеше и над Хетафе на „Камп ноу“, а викендов постигнаа еден гол и против Жирона, кој бешедоволен за победа.
Ова е првпат во последните 43 години Барселона на три меча во низа да победува со резултат од 1:0. Тоа последен пат ѝ се случи во април 1980 година, кога со по 1:0 ги победуваше Атлетико Мадрид, Лас Палмас и Атлетик Билбао.