Играчот од средниот ред Саул Нигез се враќа во Атлетико Мадрид, информира шпанскиот весник „АС“. Последната сезона играчот ја мина како позајмен во Челси, но за „сините“ забележа едвај 23 натпревари и 1209 минути и не убеди со своите игри дека заслужува да биде откупен.

Поради оваа причина тој се враќа на „Ванда Метрополитано“ и повторно ќе го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Саул пред неколку години беше еден од најдобрите фудбалери во Европа на својата позиција, но потоа следеше значителен пад на неговата кариера.