Возачот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ќе ја почне трката за Големата награда на Канада од пол-позиција, откако беше побрз од Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.
По првата тројка во квалификациите завршија и Хамилтон, Магнусен, Шумахер, Окон, Расел, Рикардо и Жу, додека Леклер ќе има тешка мисија утре бидејќи стартува последен.
Леклер поради промени на моторот ќе ја почне трката од последното место, но сепак среќа немаше ниту вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој излета во квалификациите и ќе тргне од 13. позиција.