Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е класифициран како победник на трката за Големата награда на Белгија.
Страшна бура ја погоди Белгија и трката не можеше да се одржи во предвиденото време. Таа беше пролонгирана и стартувана, но само три круга беа возени зад безбедносното возило. Сето тоа траеше вкупно три часа и 46 минути.
Поради катастрофалните врнежи, многу лошата видливост и опасниот терен на патеката „Спа Франкошамп“, по загревачкиот круг, возачите беа враќани до гаражите.
Ова значеше дека првите десет кои беа на стартната линија ќе добијат половина од планираните поени, бидејќи потребниот минимум од 75% од трката не беа извозени.
Покрај Макс Вестапен, Џорџ Расел и Луис Хамилтон зазедоа место на подиумот. Никита Мазепин од Хас го имаше најбрзиот круг, но бидејќи не е меѓу првите 10, нема да освои бод.
Ова е 16 -та победа на Белгиецот во неговата кариера.