Дин Берта Вињалес е последната жртва на мотоциклистичките патеки. Младиот Шпанец го загуби животот на трка во рамки од FIM Supersport 300 на патеката Херез.
Вињалес кој имаше само 15 години беше дел од инцидентот во кој беа вклучени пет возачи, а при сударот се здоби со тешки повреди на главата и градниот кош.
Поради големата трагедија, на Херез денеска не се возеа останатите закажани трки, вклучувајќи ја и онаа во Супербајк која беше предвидена за подоцна попладне.
За младиот Деан Берта, ова била дебитантска сезона во Суперспорт 300 класата, а за жал истата се покажа како последно скалио во неговиот краток живот.