Ракометарите на Барселона го прегазија германскиот тим Кил со 34-30 во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) и закажаа дуел против Кјелце, кој претходно беше подобар од Веспрем со 37-35.
Кил го одржуваше водството од еден гол до средината на првото полувреме (9-8), по што се случи првиот пресврт на каталонскиот гигант (10-9), а по првите 30 минути на пауза со еден гол предност замина Барселона (19-18).
Барселона направи исчекор уште на стартот и поведе со 23-20, по што Кил се врати на еден негатива (22-23), но тоа беше сè од германскиот гигант затоа што каталонската екипа до крајот не го испушти водството и славеше со 34-30.
Најдобар во победничкиот состав беше Гомез Абељо со 12 погодоци, додека одличен на голот беше Де Варгас со 11 интервенции.