Ракометарот на Вардар повтори дека заедно со соиграчите играле срамно, но потенцира дека сѐ уште имаат шанса за делумно поправање на впечатокот.
„Останувам на констатацијата по вчерашниот натпревар, а тоа е дека одигравме срамно против Црна Гора. Но, нема враќање назад. Мора да се консолидираме зашто нѐ чека уште еден меч и можност да одиграме најдобро што можеме против ривал како Данска, кој игра моќен ракомет и кој атакува на злато на ЕП. Данците, секако, се огромен фаворит и против нас, но сакаме да се надигруваме, па ако одиграме како во Скопје да дојдеме ако можеме до позитивен резултат, во еден добар и борбен натпревар“, изјави Талески.
Средбата против Данците ја играме утре со почеток во 20.30 часот во Дебрецин.