Данска водеше во најголем дел од мечот, но Франција успеа да се избори за продолженија во кои беше подобра и на крајот дојде до четвртата круна Европски шампион.
Данците можат да жалат бидејќи во текот на второто полувреме имаа предност и од три разлика, но предноста им се лизна во финишот од натпреварот.
Франција успеа да изедначи на 27-27, Данска имаше напад за победа, не успеа да реализира па мечот отиде во продолженија.
Во двете продолженија од по пет минути Франција беше подобра и на крајот го доби натпреварот со 33-31.
Фабрегас беше фантастичен со осум голови, тој беше најдобриот ракометар на Франција, Ремили постигна пет.
Микел Хансен со девет гола за Данска од кои седум од пенал, беше најпрецизен во големото финале, а поради тоа што Карабатиќ не постигна ниту еден погодок, данскиот ас со вкупно 296 стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенстца. За Данска одличен беше и Гидсел со осум гола, како и голманот Нилсен со шеснаесет одбрани.