Ракометниот спектакл кој вечерва во организација на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра пред полни трибини, сите карти се распродадени а за сите оние кои не успеале да набават билет, ќе имаат шанса натпеварот да го гледаат и на ТВ.

Најавен е директен ТВ пренос од мечот „Сите ѕвезди“, кој ќе го пренесува националната телевизија на својот трет канал (МРТ 3).