Веста дека хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен на стартот од 2023 година го напушти Зенит и веднаш потпиша за Олимпик Лион одекна како големо изненадување во фудбалската јавност.
Набрзо дојде и објаснување зошто рускиот тим на брзина го продал својот дефанзивец и тоа за сума од само два милиони евра, а тоа е усташкиот поздрав, кој во Русија се смета како незамислив.
Руските медиуми пишуваат дека видеото на кое се гледа како Ловрен заедно со Марцело Брозовиќ поздравува нацистички со усташки слоган лошо било прифатено во Зенит, каде што имаат нулта толеранција за фашизмот. Затоа решија веднаш да се ослободат од него.