Против себе го имаше најслабиот тим во Бундеслигата кој досега освои само еден бод, па баварскиот гигант можеше да го покаже сиот свој напаѓачки потенцијал. Компани го извади од игра Кејн на средина од второто полувреме, па којзнае каков ќе беше крајниот биланс.
Интересно е тоа што петте гола за Баерн беа дело на петмина различни фудбалери. Во првото полувреме погодија Олисе и Мусиала, а во второто уште Кејн, Сане и Коман. Вицешампионот го презеде првото место на табелата во првенството со 20 бода, но само поради подобрата гол-разлика во однос на Лајпциг.