Како загревање за настапот на сениорската репрезентација на Европското првенство во Германија, кадетите ја израдуваа Македонија откако направија успех пласирајќи се на континенталниот собир кој летово ќе се одржи во Црна Гора.
Младите ракометни надежи на селекторот Наум Танески со убедливи 33-24 го победија Косово и ја остварија целта, како второпласирани одат на ЕП.
Теодор Пецаноски со осум гола и Јован Петрески со шест беа најефикасните во нашата репрезентација.
Во претходните дуели Македонија ја победи Словачка, а загуби од Швајцарија која го освои првото место во групата.