Бранителот на трофејот од ФА Купот, Манчестер Сити  со лесна победа ја отвори новата сезона во најстарото клупско натпреварување во светот англискиот ФА Куп. „Граѓаните“ го декласираа Хадерафилд со 5-0 (2-0), а по повеќе од три месеци на теренот се врати Кевин де Брујне.

Фоден и Алварез беа стрелци во првиот дел, а Бен Џексон (автогол), повторно Фоден и Доку реализираа во второто полувреме. Де Брујне влезе во игра во 57. минута и покажа дека ќе биде од голема помош во продолжение на сезоната. Лоша вест за Гвардиола е повредата на Аканџи, кој уште во првото полувреме беше заменет со Матеус Нуњез.

Другите премиерлигаши имаа многу проблеми да ја прескокнат првата пречка во ФА Купот. Вест Хем одигра 1-1 против Бристол Сити, а Нотингем Форест одигра само 2-2 со Блекпул. Лутон и Болтон исто така играа без победник (0-0), па на овие натпревари ќе се играат повторени натпревари на терените на екипите од Чемпионшип.

Лидс Јунајтед го совлада Питербороу со 0-4, Вест Бромвич Албион беше подобар од Алдершот со 4-1, а Рексам со 0-1 славеше на теренот на Шроусбери.

 

Попладнево се играче највозбудливиот натпревар во оваа рунда меѓу Арсенал и Ливерпул кој заврши со победа  на гостите од Ливерпул од 2-0, а утре се игра дуелот меѓу Виган и Манчестер Јунајтед.