Шпанскиот шампион Барселона не успеа да го победи Хетафе во натпревар од првото коло во шпанската Ла Лига.
Каталонците доминираа на теренот и имаа три пати повеќе шанси од Хетафе, но не искористија ниту една, а дополнителен проблем создаде црвениот картон на Рафиња во финишот на првото полувреме.
Силите беа израмнети во вториот дел, кога Хуан Мата заработи исклучување, а потоа и тренерот Чави доби црвен картон во 70. минута од натпреварот.
Барселона се обидуваше да постигне гол за победа, но Хетафе успешно се бранеше и освои голем бод.