Римски Лацио оствари убедлив триумф (1-4) на гостувањето против Џенова и се искачи на петтата позиција на табелата во Серија А со 55 бода.
Марушиќ во 31.минута го отвори резултатот, а Имобиле пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2.
Римјаните продолжија со исто темпо и во второто полувреме па ја докусурија поранешната екипа на македонскиот ас Горан Пандев.
До крајот, Чиро Имобиле комплетираше хет – трик, а Патрик си постигна автогол.