РБ Лајпциг катастрофално го порази со 6-0 Келн во деветтото коло од германската Бундеслига, и се проби на четвртата позиција со 20 бодови.
„Биковите“ ја најавија победата уште во првиот дел, постигнаа четири голови за водство со 4-0, а во листата на стрелци се запишаа Вернер, Раум и двапати Опенда.
Келн направи неколку измени на стартот на вториот дел со надеж дека ќе може да внесе неизвесност во дуелот, но во завршницата Олесен доби црвен картон, а потоа следеше целосен потоп.
Во финишот од натпреварот РБ Лајпциг постигна уште два гола. Стрелец во 88. минута беше суперталентираниот словенечки напаѓач Бенјамин Шешко, кој во игра влезе тринаесет минути порано наместо Раум. Конечниот резултат го постави Баумгартнер во 92. минута. Келн го заврши натпреварот со десетмина, поради вториот жолт картон на Олесен во 80. минута.
По натпреварот стигна вест за сериозната на повредата на Дани Олмо, кој многу веројатно подолго ќе биде надвор од фудбалските терени.