Словенечкиот НБА кошаркар Лука Дончиќ и во вториот дуел од новата сезона блескаше. Откако на отворањето на сезоната имае трипл-дабл, овојпат направи шоу со тројки за победа на неговиот Далас. Словенецот погоди 16 од 25 шута од поле, а за тројка гаѓаше 9 од 14 обиди, за да на крајот мечот да го заврши со 49 поени.
Имаше и 10 скока и седум асистенции, а со тоа ги надмина легендарните Мајкл Џордан и Лери Бирд, а се израмни со Карем Абдул-Џабар по бројот на одиграни мечеви во кои имале биланс од 40 поени, 10 скока и седум асистенции. За Лука ова беше 14-ти таков натпревар и сега е на половина од рекордот на Оскар Робертсон кој имал 28 средби со учинок од 40-10-7.
Една од најдобрите партии во животот Дончиќ ја круниса без да има ниту една загубена топка, а на 28 секунди до крајот при резултат 120:120 успеа да постигне неверојатна тројка, со една рака преку човек. Во последните три минути, Словенецот даде дури 14 поени и постигна четири тројки без промашување, па јасно беше зошто тој мора да решава и да погоди од неверојатна позиција.