Мемфис Депај го постигна својот гол првенец во Бразил. Напаѓачот маестрално погоди од слободен удар во аголот и не му даде шанса на голманот да одбрани.
Мемфис Депај летоска изненади со изборот на клубот, реши кариерата да ја продолжи во Бразил и да го облече дресот на Коринтијанс.
Во победата над Атлетико ПР од 5-2, Холанѓанецот го забележа деби погодокот и тоа беше страшно „голазо“.
Од слободен удар, Мемфис Депај погоди право во аголот и не му даде шанса на гостинскиот голман да одбрани.
Со својата мајсторија го крена цел стадион на нозе, дури и полицајците извадиле телефони за да го снимаат шоуто.