Избраниците на Пауло Фонсека успеаа да дојдат до триумф иако повеќе од еден час играа со играч помалку.
Голот за водство на „росонерите“ го постигна Чуквуезе на асистенција на Пулишиќ по само 13 минути игра.
Во 29-та минута Тијани Рејндерс заработи директен црвен картон кој веројатно ќе биде предмет на коментари.
Удинезе на крајот и немаше среќа бидејќи по прегледување на ВАР им беа поништени два гола поради милиметарски офсајди, по еден во првиот и вториот дел.
Милан со оваа победа ќе го прескокне Удинезе на табелата и сега е на третата позиција со 14 бодови, но се зависи од исходот на дербито помеѓу Јувентус и Лацио кое се игра вечерва.