Македонската експедиција треба да слета во Скопје во 17.30 часот, а еден час потоа е закажано доаѓањето на фудбалерите и стручниот штаб на плоштадот „Македонија“, веројатно околу 18.30 часот, информираа од ФФМ.
Македонија во вторник ја чека завршната пресметка за пласман на Мундијалот во Порто против Португалија од 20.45 часот, а македонската селекција во недела ќе замине за Португалија, каде два дена подоцна ќе го одигра најважниот меч во својата историја.