Манчестер Сити го отвори зимскиот преоден рок, а Аргентинското чудо од дете потпиша за европскиот шампион. Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Манчестер Сити го финализира првиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Нов член на „граѓаните“ е 17-годишниот Аргентинец, Клаудио Ечевери, еден од најдобрите млади фудбалери во светот во моментов. Неодамна беше капитен на У17 репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство, игра во средниот ред, а Сити за неговиот трансфер од Ривер Плејт ќе плати 20 милиони евра плус бонуси.
Сепак, Ечевери нема веднаш да му се придружи на Сити, туку ќе остане една година на позајмица во Ривер Плејт, а во Англија ќе се пресели најрано во јануари 2025 година. Прашање е и тогаш дали ќе заигра за четата на Пеп Гвардиола бидејќи се спомнува филијалата Жирона како можна прва дестинација во Европа, исто така како позајмен играч.