Барселона, актуелниот лидер во шпанска Ла Лига, му избега на својот најголем ривал Реал Мадрид осум бода, откако вечерва Рафиња и Роберт Левандовски со по еден гол донесоа победа на гости кај Бетис (2-1). 

Барса повеќе од еден час се трудеше за да го скрши отпорот на Бетис, а дури во 65-та минута на асистенција на младиот Балде, Рафиња погоди за водство, откако во првиот дел поради офсајд му беше поништен гол. Триумфот го завери Левандовски десет минути пред крајот на асистенција на Роланд Араухо.

Но, за да не остане без драма се погрижи Жил Кунде, дефанзивецот на Каталонците кој си даде автогол пет минути пред крајот за да го врати Бетис во игра барем за бод, но зелено-белите не успеаа да дојдат до изненадување.

Барса со 16-та победа во 19 меча сега има 50 бода, осум повеќе од Реал кој има и меч помалку и треба да го одигра својот заостанат дуел со Валенсија, утре од 21 часот.

<