Француската престолнина Париз вечерва е центар на светот поради финалето во Лигата на шампионите и пресметката на два европски великани кои заедно имаат 19 европски круни, во битката на Реал Мадрид (13 титули) и Ливерпул (6 титули) за највредниот клупски пехар – „големите уши“.
И како по обичај Англичаните, кои се болни за фудбал и за својот миленик, буквално го окупираа Париз. Според последните информации скоро 70.000 англиски навивачи на Ливерпул се дојдени во француската престолнина, па Париз е цел обоен во црвено, а песната на ливерпуловите навивачи го „тресе“ градот.