Млад алжирски фудбалер, Васим Ел-Газар почина десет дека откако доби срцев удар за време на натпревар од јуниорското првенство на Алжир.
Фудбалерот со глава изби една топка и колабираше на теренот. На натпреварот немало возило на итна помош, па со приватен автомобил бил пренесен во болница. Таму останал десетина дена, докторите се обидувале да го спасат, но не успеале, младиот играч починал на само 17 години.