Фудбалерите на Соединетите Американски Држави се освојувачи на КОНКАКАФ Лигата на нации. Во големото финале, одиграно во Арлингтон, избраниците на Грег Берхалтер со 2-0 го совладаа вечниот ривал Мексико.
Првата радост за Американците стигна во 45. минута кога играчот на Борнмут, Тајлер Адамс постигна вистински еврогол во мрежата на легендарниот Очоа. 25-годишниот Американец се реши да бие од голема далечина и не погреши, испрати проектил кој беше неодбранлив ниту за еден од најдобрите голмани во Серија А.
Стрелец на вториот гол за Соединетите Американски Држави беше младиот Џовани Реина по 18 минути игра во вториот дел.