Словенечкиот судија Славко Винчиќ, по кого шпанска Барселона фрла дрвја и камења за катастрофалното судење вчеравечер во ЛШ во дербито во Милано против Интер (0-1), пред две години беше уапсен како дел од криминална група во Бјелина (БиХ).
Винчиќ направи еден куп кардинални грешки, ѝ поништи чист гол на Барса, не досуди чисто играње со рака во завршницата повторно за Каталонците, кои не може да се помират за катастрофалната арбитража на судијата кој од поодамна има(л) лошо и сомнително друштво.
Пред две години во Бјелина, Винчич беше уапсен заедно со српската старлета Тијана Ајфон меѓу 16-те уапсени лица, за кои се сомневаше дека се дел од организирана криминална група, а во акцијата на распит како сведоци беа повикани уште многу други луѓе.
Уапсените тогаш беа приведени откако биле затекнати на исто место во една викендичка, а таму во рацијата биле пронајдени и дрога и оружје, па дел од приведените беа под истрага и за проституција и наведување на проституција.
Старлетата Тијана Максимовиќ – Ајфон откако го признала делото беше осудена на една година за организирање на проституција, а Винчиќ после информативниот разговор во полиција беше пуштен на слобода.