Европската фудбалска репрезентативна класика помеѓу Италија и Германија во првото коло од групата 3 во дивизијата 1 во Лигата на нации заврши без победник 1:1. Натпреварот се играше на стадионот „Ренато Дал’Аара“ во Болоња, а двата гола беа постигнати во второто полувреме и тоа за три минути.
„Аѕурите“ поведоа со голот на Лоренцо Пелегрини во 70 минута, а три минути подоцна Џошуа Кимих погоди за 1:1. Италија во второто коло ќе го пречека националниот тим на Унгарија, додека Германците на домашен терен ќе ја пречеаат Англија.
Во групата 3 во дивизијата Б, Црна Гора со 2:0 ја солвада Романија. Стефан Мугоша во 66 минута го отвори резултатот, додека Вукчевиќ во 87 минута го постави конечниот резултат.
Во дивизијата Ц, Турција со убедливи 4:0 славеше над Фарски Острови со головите на Ундер, Дервишоглу, Дурсун и Демирал.