Фудбалската репрезентација на Англија доживеа пораз на стартот од новото издание во Лигата на нации. Унгарија славеше со 1-0 против гордиот Албион на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Стрелец на голот за Унгарија беше Доминик Шобошлаи од пенал во 64.минута, откако Рис Џејмс направи прекршок во шеснаесетникот.
Финска и Бих одиграа 1-1 во групата 1 од Лигата Б.