Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи со резултат 3:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Херој на шпанскиот тим беше Карим Бензема, кој втор меч по ред постигна хет-трик во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Уште од самиот старт беше очигледно каков натпревар ќе гледаме. Започна со неколку можности за Челзи, но следуваше пречка која ја погоди Винисиус. Од тој момент се беше на страната на Реал Мадрид.
Од друга страна, фудбалерите на Реал беа охрабрени од присуството на тренерот Карло Анчелоти. Италијанецот се очекуваше да отсуствува поради позитивен тест за коронавирус, но доби негативен непосредно пред натпреварот.
Пред него е освојувањето на Ла Лига. што го прави првиот тренер во историјата кој освоил лига трофеј во петте најсилни лиги во Европа.
Двата тима се сретнаа и лани, во полуфиналето кога на првиот меч беше 1:1, а потоа Челзи на својот стадион славеше со 2:0. Потоа ја освои Лигата на шампионите со победата над Сити во финалето.
Бензема го постигна првиот од своите голови во 21. минута. Тој одигра двојно додавање со брзоногото бразилско крило и успеа да се најде на вистинското место кога Винисиус испрати центаршут.
Ако „сините“ мислеа дека тоа е се, Французинот ги разубеди само три минути подоцна кога со уште еден удар со глава ја удвои предноста на својот тим по одличниот центаршут на Лука Модриќ.
Челзи успеа да го намали водството преку Каи Хаверц пред крајот на полувремето, па имаше на што да се надева во продолжението од играта. Но Бензема не мислеше така. Поточно, така не мислеше Менди, кој направи несфатлива грешка и практично му асистираше на напаѓачот на Реал Мадрид за хет-трик.
Менди не беше на висина на задачата, но затоа Куртоа на другата страна направи неколку одлични одбрани и ја одржуваше предноста од два гола на својот тим пред реваншот во Мадрид.
Челзи на 12 април патува во Шпанија и сигурно е дека нема да се предаде пред време.
https://www.dailymotion.com/video/x89rtq7