Фудбалерите на Виљареал го совладаа Баерн со 1:0 (1:0), во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Виљареал одигра одличен натпревар и целосно го неутрализираше Баерн.
Германскиот тим имаше вечер за заборав.
Домаќинот поведе уште во осмата минута со голот на Данџума.
По аутот од десната страна, Парехо шутираше, а Данџума ја сврте топката во мрежата за водство на Виљареал.
Гостите од Минхен немаа идеја во првото полувреме , не успеаа ниту да шутираат во рамките на голот на домашните.
Виљареал во 41. минута го удвои водството, но голот беше поништен.
Стрелец беше Франциско Кокелин, но голот беше поништен поради офсајд.
Баерн заигра поагресивно во вториот дел, додека тимот на Унаи Емери се повлече.
Сепак, домаќинот можеше да ја удвои предноста, по силниот удар на Жерар Морено, кој во 53. минута ја погоди стативата.
Баерн се обидуваше, бараше вистинска шанса, но немаше.
Ова беше очаен настап на германскиот шампион.
Ќе видиме што ќе подготват за реваншот кој е на програмата на 12 април во Минхен.
https://www.youtube.com/watch?v=7c5_w_z2sX4