Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 1:0 во натпреварот од 26. коло на шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 благодарение на голот на Карим Бензема во 81. минута од натпреварот.

До победничкиот гол дојдоа по една долга акција која започна на нивната половина, а главно топката беше на десната страна од теренот, а потоа топката стигна до Карим Бензмема.

Одлична комбинација во шеснаесетникот, двојно додавање меѓу Винисиус и Бензема, кој немаше тешка работа, излезе сам пред голот, па на мадриѓаните им донесе нови многу важни 3 бода во борбата за титулата.

Тоа беше 18-та победа за Реал сезонава, па сега има 60 освоени бодови, што е девет повеќе од второпласираната Севиља и дури 14 од третопласираниот Бетис.

Standings provided by SofaScore LiveScore