Тимот на Манчестер Јунајтед го декласира Вест Хем со 3-0 на „Олд Трафорд“ и се искачи на шестото место на табелата со 38 бода. Расмус Хојлунд постигна гол на четвртиот последовен меч за водство од 1-0, а Алехандро Гарначо во вториот дел постигна два гола и го реши победникот.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед по долга пауза врзаа две премиерлигашки победи во низа. Натпреварот со Вест Хем понуди возбудувања и пред двата гола, меѓутоа „црвените ѓаволи“ ги искористија шансите, а „чеканите“ своите не па го загубија дуел0т.
Резултатот беше отворен во 23. минута со голот на Расмус Хојлунд. Данскиот напаѓач прими топка на средината од противничкото поле, добро се снајде и издрибла неколкумина, па со прецизен удар го матира Ареола за 1-0. Вест Хем се обидуваше да се врати во натпреварот до паузата, но не успеа, а Алехандро Гарначо на стартот на продолжението зголеми на 2-0. Младиот аргентинец прими топка на десната страна од шеснаесетникот, шутираше и со помош на блокот го измами противничкиот голман. Тој го постави и конечниот резултат во 84. минута со својот втор гол за 3-0.